ЕУ Е МНОГУ, МНОГУ ЛОША ЗА НАС Трамп воведува царини за Европа и за Кина

Европската унија е многу, многу лоша за нас. Значи, наскоро ќе биде предмет на царини. Тоа е единствениот начин… да има правда, рече американскиот претседател.

394

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за ЕУ ​​и дека неговата администрација разгледува опции да воведе царина од 10 отсто за стоки увезени од Кина од 1 февруари.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, претседателот на САД рече дека веќе наметнал големи царини за Кина за време на неговиот прв мандат. Тој додаде дека ЕУ и другите земји, исто така, имаат вознемирувачки трговски дисбаланс со САД.






– Европската унија е многу, многу лоша за нас. Значи, наскоро ќе биде предмет на царини. Тоа е единствениот начин… да има правда – додаде американскиот претседател.

Кина најави дека ќе ги брани своите „национални интереси“ откако американскиот претседател Доналд Трамп Трамп изјави дека царина од 10 отсто за увоз на кинески стоки може да биде воведена од 1 февруари.

Отсекогаш верувавме дека нема победници во трговска војна или војна за царини, рече портпаролката на кинеското Министерството за надворешни работи Мао Нинг.

Taa доаде дека Кина е „цврсто посветена на заштитата на националните интереси“.

Поврзани содржини