ЕУ ЌЕ ГО ФИНАНСИРА ОРУЖЈЕТО ЗА УКРАИНА Целта е да ja помогнеме херојската армија

Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со смртоносен материјал за херојската украинска армија, која се бори со жесток отпор против руските напаѓачи и да се обезбедат итни потреби за други материјали, како што се гориво и медицински материјали, рече Жозеп Борел, претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

324

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво.

– На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со смртоносен материјал за херојската украинска армија, која се бори со жесток отпор против руските напаѓачи и да се обезбедат итни потреби за други материјали, како што се гориво и медицински материјали – рече Борел, кој свика вонреден виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.






Европскиот мировен фонд е вонбуџетски инструмент кој ѝ овозможува на Европската унија да дејствува итно за да го поддржи глобалниот мир и безбедност преку помош што има воени и одбранбени импликации.

Предлогот уследи по директното барање на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Поврзани содржини