ЈЕТОН БУЧИ ОД ДУИ СТАНА ДИРЕКТОР НА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО Арсовска најави вонредна ревизија во претпријатието

1,870

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овој пат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук од неговата партија.






„За директор на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’ е именуван Јетон Бучи“, пишува на Фејсбук страната на ДУИ.

Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.

„Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Паркови и зеленило е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини