ЕСТРЕЈА-МАРА ЗАГИНА БОРЕЈЌИ СЕ СО БУГАРСКИТЕ ОКУПАТОРИ Улица во Ерусалим и денес го носи името на хероината од Битола
Родена во работничко семејство, Овадија рано останала без татко, а мајка ѝ работела како перачка по богатите куќи, па од мала морала да се грижи за своите две сестри. Како дете ја почуствувала бедата на сиромаштијата. На неполни 16 години се вклучува во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Но, вистинскиот активизам доаѓа во 1941 година, кога во Белград, каде заминала на работа учествувала во демонстрациите „Боље гроб, него роб“, против склучување на пакт со Хитлер.
Храбрата болничарка како што ја викале, а предводничка на неколку баталјони на денешен загинала во 1944 година на врвот Кајмакчалан борејќи се со бугарските фашистички окупатори. Овадија Естреја-Мара беше Еврејка од Битола прогласена за народна хероина во Југославија. Освен бистата во родниот град и една детска градинка, нејзиното име го носи и улица во Ерусалим во Израел.
Родена во работничко семејство, Овадија рано останала без татко, а мајка ѝ работела како перачка по богатите куќи, па од мала морала да се грижи за своите две сестри. Како дете ја почуствувала бедата на сиромаштијата. На неполни 16 години се вклучува во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Но, вистинскиот активизам доаѓа во 1941 година, кога во Белград, каде заминала на работа учествувала во демонстрациите „Боље гроб, него роб“, против склучување на пакт со Хитлер.
Демонстрациите довеле до бомбардирањето на Југославија на 6 април, вклучително и Битола. Учествувала во подготовките на востанието во 1941 година. Веќе била решена дека ќе биде партизанка и се зачленила во СКОЈ и во КПЈ во 1942 година. Се борела во одредите „Даме Груев“, „Гоце Делчев“ како и во субдоносниот Февруарски поход. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.
Загинала четири дена подоцна, на 26 август, во борба со бугарските окупаторски сили на само 22 години.