ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство (ВИДЕО)

Националниот дрес на Македонија високо котира и во анкетата објавена од хрватскиот портал „Индекс“.

2,413

Поради приситокот од јавноста за дресовите со кои Македонија ќе настапи на претстојното Европско првенство, ФФМ во последен момент одлучи да ги врати старите дресови, а опремата на нашиот национален тим беше избрана за најубава на целиот европски шампионат.

Новинарите Клинтон Јејтс и Херк Гомез од американскта телевизија „ЕСПН“ го избраа дресот на Македонија за најимпресивен на ЕВРО 2020, кои споменуваат дека државата ја прогласи својата независнот во 1991 година, а во 2019 беше променето уставното име, но покрај тоа се импресионирани од изгледот на националниот дрес.






– Ова е неверојатно, тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е претставено многу директно на нивните дресови. Моите пријатели од Македонија неодамна го изненадија фудбалскиот свет победувајќи ја Германијa (2:1). Погледнете го ова знаме, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате на вашиот дрес имате шанси – велат новинарите во пофалните зборови за опремата на македонскиот национален тим.

Кој го има најубавиот дрес на ЕВРО?

Хрватскиот портал „Индекс“ објави интересна анкета со избор на најубав дрес во конкуренција на сите 24 репрезентации што ќе учествуваат на Европското првенство.

Интересно е што во анкетата како можен избор на македонскиот дрес ја поставија опцијата што е најомилена кај македонските фудбалски симпатизери, односно црвениот дрес со сонцето, а не ги земаа предвид новите три варијанти што ги понуди ФФМ во соработка со германскиот производител „Јако“.

Анкетата е во тек, очекувано хрватскиот дрес води убедливо, а Македонија стои одлично и моментно со 1.800 гласа е на осмото место, исто колку и Франција.

Италија е на второто место, зад неа е словачкиот дрес, па финскиот и холандскиот во моментов се во Топ-5.

– Групата Ц е јасно група контроверзии за комплетите. Во пресрет на нивниот прв голем фудбалски настап, Македонија објави нова серија на комплети – три дресови на сите со ликот на балканскиот рис преку трупот. Сепак, имаше многу силна реакција од јавноста против новата бордо да домашниот дрес, па поради тоа беше донесена одлука за враќање на претходниот дизајни кои се базираат на амблемот „ново сонце на слобода“ на нивното национално знаме. Домашниот комплет е едноставен, но впечатлива и карактеристична е комплетно црвената комбинацијата – се вали во објаснувањето.

Анкетата е сè уште во тек и можете да гласате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини