ЕСМ ВЕЌЕ ПОТПИШАЛА СО ФИРМАТА КОЈА ЈА ПРЕДЛОЖИ ВМРО-ДПМНЕ? Николоски вели дека Македонија ќе добие два пати поевтин гас од досегашниот

Се надевам на мудрост од владата за да се финализира ова. Ако не се финализа ова ќе значи дека тие имаат коруптивни намери, изјави Николоски во гостувањето на Канал 5.

445

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека има сознанија оти веќе е потпишан т.н. ефет договор помеѓу ЕСМ и фирмата, која беше една од двете кои партијата ѝ ги предложи на Владата за излез од кризата. Во вечерашното гостување на  Николоски откри дека претставници на компанијата која беше дадена како контакт во четврток ќе пристигнат во Македонија за да се официјализира сето тоа.

– Она што е вонредно значајно цената на гасот што Македонија може да ја добие е најмалку два пати поевтина од досега што е купувано. Тоа ќе заштити пари на граѓаните и е државнички чекор. Претседателот Мицкоски направи се Македонија да добие поевтини енергенси, скопјани да добијат парно, работниците да земат плата…Се надевам на мудрост од владата за да се финализира ова. Ако не се финализа ова ќе значи дека тие имаат коруптивни намери – изјави Николоски во гостувањето.

Поврзани содржини
na