ЏЕСИКА АЛБА ВО ВРСКА СО 12 ГОДИНИ ПОМЛАД КОЛЕГА По најавата за развод, глумицата започнува ново поглавје во својот живот

Откако пред неколку месеци објави дека се разведува од својот сопруг, продуцентот Кеш Ворен (46), после 20 години брак, Џесика Алба (44) била забележана со нов партнер во Мексико. Станува збор за нејзиниот колега, глумецот Дени Рамирез (32).

2,804

Прекрасната актерка Џесика Алба (44) се појавила во Канкун со нов партнер, само неколку месеци откако објави дека се разведува од продуцентот Кеш Ворен (46) со кој беше во брак цели 20 години.
Новиот мистериозен маж е актерот Дени Рамирез (32), најпознат по улогата во филмот „Капетан Америка“.
Според TMZ, двојката била фотографирана како се качува на лет за Лос Анџелес откако поминала некое време во мексиканско одморалиште.

Актерката е моментално во процес на развод откако во февруари, официјално поднесе барање за развод од Ворен.






Извори потврдиле дека нивната разделба била „исклучително пријателска“ и двајцата побарале заедничко старателство над нивните три деца: Онор (17), Хејвен (13) и Хејс (7).

Поврзани содржини