EШЛИ БАРТИ ТРИУМФИРАШЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Првпат ја освои титулата дома
За прворангираната светска тенисерка ова е прва грен-слем титула пред домашната публика во Мелбурн.
Домашната тенисерка Ешли Барти во доминантен стил без загубен сет ја освои титулата на Австралија опен, откако ја совлада во денешното финале Американката Даниела Колинс со 6-3, 7-6 (2).
За прворангираната светска тенисерка ова е прва грен-слем титула пред домашната публика во Мелбурн.
Пред денешниот триумф на Австралија опен, Барти освои две грен-слем титули во кариерата, лани на Вимблдон и во 2019 година во Париз на Ролан Гарос.