ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН НА ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА Јапонија стравува од можно цунами
Доколку ерупцијата предизвика цунами, островите Изу во близина на Токио и островот Огасавара, јужно од главниот град, би можеле да бидат погодени.
Во Папуа Нова Гвинеја денеска дојде до вулканска ерупција, сооопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Агенцијата не утврди со сигурност дали ерупцијата ќе предизвика цунами во Пацификот и дали Јапонија може да биде погодена.
Според извештаите, доколку ерупцијата предизвика цунами, метеоролошката агенција предупредува дека синџирот на островите Изу, во близина на Токио, и островот Огасавара, јужно од главниот град, би можеле да бидат погодени.