📽📷 ЕРУПЦИЈАТА НА ВУЛКАНОТ ПРЕДИЗВИКА ОПШТ ХАОС НА СИЦИЛИЈА Летовите се откажани, патниците останаа заробени, узбуна на сите страни 

Опсерваторијата Етна издаде црвен аларм, што значи дека ситуацијата може да се влоши.

451

Ерупциите на вулканот Стромболии на планина Етна го подигнаа нивото на тревога на медитеранскиот остров Сицилија. Активноста на најголемиот вулкан во Европа е значително зголемена во последните 24 часа. Снимките покажуваат како од најголемиот кратер во Етна излегува лава со спектакуларна сила.






Силната ерупција на Етна предизвика општ хаос на италијанскиот остров. Десетици летови на блискиот аеродром Катанија, главната меѓународна порта за Сицилија, беа откажани или одложени, при што околу 15.000 патници останаа заглавени на островот.

Во меѓувреме, некои пристигнувања беа пренасочени кон Палермо, на четири часа возење. До крајот на денешниот ден има прекини на услугата, но аеродромот Катанија останува отворен.

Опсерваторијата Етна издаде црвен аларм, што значи дека ситуацијата може да се влоши.

Беше предупредено дека во кратерот Ворагине е забележан „постепен пораст“ на активноста на вулканот Стромболи.

– Просечната амплитуда на вулкански потреси, по постепеното зголемување забележано од вчера во 20 часот, достигна високо ниво, со тренд на растење – соопшти Опсерваторијата.

Италијанското одделение за цивилна заштита предупреди дека ова не е еднократен настан. Етна еруптираше неколку пати во последните децении.

Етна и Стромболи исфрлија врела лава пред само неколку дена, поради што некои аеродроми беа затворени.

Снимките објавени на социјалните мрежи ги прикажуваат улиците на централна Катанија и автомобилите покриени со дебели слоеви црн пепел, што го забавува сообраќајот.

На туристите им е препорачано да ја избегнуваат областа околу кратерот на вулканот и да ги следат владините инструкции.

 

Поврзани содржини