ЕРИКСЕН СЕ ВРАЌА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА Данецот ќе биде првиот фудбалер во Англија кој ќе игра со дефибрилатор

Како што објави реномираниот „GDS“, данскиот фудбалер до среда ќе го потпише договорот со премиерлигашот Брентфорд, а формалноста ќе биде извршена по завршувањето на кардиолошките тестови за физичката подготвеност на фудбалерот.

515

Поранешната ѕвезда на англискиот Тотенхем и на италијанскиот Интер, Кристијан Ериксен, својата фудбалска кариера дефинитивно ќе ја продолжи во Англија.

Како што објави реномираниот „GDS“, данскиот фудбалер до среда ќе го потпише договорот со премиерлигашот Брентфорд, а формалноста ќе биде извршена по завршувањето на кардиолошките тестови за физичката подготвеност на фудбалерот.






По ваквиот потег, Ериксен ќе биде првиот играч во Премир лигата кој ќе игра со дефибрилатор, апарат за регулирање на работата на срцето – нешто што не е дозволено во Италија и поради што Данецот беше принуден да го раскине договорот со италијанскиот шампион Интер.

Поврзани содржини