ЕРИКСЕН НА ПРОДАЖБА Не смее да игра во Италија, но смее во Холандија?

Интер потврди дека Ериксен со сегашната состојба едноставно не може да настапува во Италија, па со тоа е отворен за негова продажба.

765

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар на првиот натпревар на Европското првенство против репрезентацијата на Финска, нема да може да ја продолжи кариерата во својот матичен клуб Интер, поради тоа што лекарите вградија дефибрилатор во неговото тело, а играњето професионален фудбал во Италија со таков апарат не е дозволено.

Интер потврди дека Ериксен со сегашната состојба едноставно не може да настапува во Италија, па со тоа е отворен за негова продажба.






Останува да видиме како ќе се одвива овој случај, ама со оглед на тоа што Данецот зема по 7,5 милиони евра во Интер и притоа не може да игра, повеќе од јасно е дека „нероаѕурите“ во брзо време ќе пронајдат купец.

Засега, холандски Ајакс е еден од заинтересираните клубови за потписот на Ериксен.

Поврзани содржини