Ердоган воведува нови заштитни мерки во Турција

Ердоган по владината седница изјави дека училиштата ќе останат затворени до крајот на годината, а рестораните само ќе доставуваат храна.

342

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Владата ќе воведе порестриктивни мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус и за време на викендите ќе воведе делумно затворање на земјата.

Според турскиот портал Хуриет, тоа би значело дека граѓаните за време на викендите ќе можат слободно да се движат од 10 до 20 часот.






Ердоган по владината седница изјави дека училиштата ќе останат затворени до крајот на годината, а рестораните само ќе доставуваат храна.

Поврзани содржини