ЕРДОГАН КОНТАКТИРАЛ СО 29 ЛИДЕРИ На списокот ја нема македонската тројка – Пендаровски, Ковачевски и Џафери (ФОТО)
Зошто меѓу тие партнери со кои се пофали турската влада нема ниту еден член на македонскиот државен врв засега нема никакво објаснување.
Во последните 16 дена по телефон или лично турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со вкупно 29 светски и регионални лидери, објави Експрес.мк.
Според листата на контакти на турската влада Ердоган се среќавал со важни и помалку важни чинители во светската политика.
Меѓу сите овие луѓе нема ниту еден македонски политичар.
На листата го нема претседателот Пендаровски а ги нема ниту премиерот Ковачевски или спикерот на парламентот Талат Џафери.
На списокот се сите соседи на Македонија односно шефовите на држави и влади од Србија, Косово, Грција, Бугарија, Албанија како и Босна и Херцеговина па дури и лидерот на Република Српска Мирослав Додик кој е на цената листа на САД.
Зошто меѓу тие партнери со кои се пофали турската влада нема ниту еден член на македонскиот државен врв засега нема никакво објаснување.
Дали се работи за став на официјална Анкара дека Македонија не е доволно важен фактор кој може да помогне во надминување на украинската криза или се работи за посебен однос на турската влада кон македонските лидери е прашање на кое треба да одговорат во Анкара.
Ако нема никакви проблеми на релација Анкара – Скопје уште утре може да биде организиран телефонски разговор меѓу Пендаровски и Ердоган, затоа што изоставањето на Македонија од списокот на стратешкиот партнер Турција на кој се сите западнобалкански земји е лоша порака за пријателските македонски и турски народ и држави
Кој се е на списокот на тие што ги контактирал Ердоган од први до 16 март оваа година:
Cumhurbaşkanı @RTErdogan’ın, 1-16 Mart tarihleri arasında yüz yüze ve telefonda gerçekleştirdiği diplomasi süreci. pic.twitter.com/dFDUzNfsfa
— T.C. Cumhurbaşkanlığı (@tcbestepe) March 17, 2022