Ердоган гради нови палати, сега има три
Покрај оваа резиденција, Ердоган гради и летна резиденција во близина на Мармарис на средоземниот брег. И тој проект, според известувањата на турските медиуми, е исклучително скап и не ги зема предвид еколошките стандарди. Палатата со 300 соби досега чини 37 милиони евра. Исечени се 50.000 дрва.
Речиси две години Турција е во тешка финансиска и стопанска криза. Курсот на турската лира е во слободен пад. Невработеноста, особено на младите, веќе месеци наназад е многу висока. Покај сето ова се и ограничувањата во време на пандемијата. Пандемијата тешко го погоди туризмот, кој е еден од најважните гранки на стопанството, пишува Дојче веле.
Претседателот на Турција нема предлози за надминување на нкризата, но затоа познати се неговите декадентни градежни проекти.
И покрај критиките на опозицијата, Реџеп Таип Ердоган продолжува со изградбата на милионските градежни проекти. На брегот на езерото Ван изградил палата, која потсетува на палатата на селџучкиот султан Кејкубад од 13 век. Според податоците на турската влада, палатата се наоѓа точно на местото каде Алп Арслан, султан на Турците Селџуци го распнал шаторот пред битката кај Манцикерт, во која Селџуците во 1071 година го победија Византиското Царство.
Токму поради годината на битката, палатата на Ердоган ќе има површина од 1071 квадратни метри. Турските медиуми јавуваат дека изградбата досега проголтала 14 милиони евра, иако турската власт првобитно трошоците ги планирала до 3,5 милиони. Градежниот претприемач, според истите извори е школски колега на Ердоган.
Уставниот суд пред една година ја запре изградбата на палатата, бидејќи го спречува јавниот пристап до брегот, но владата ја заобиколи пресудата преку измена на законот.
– Тие може да стојат на глава, ама палтата ќе биде изградена – одговори Ердоган.
Во август Ердоган во Ахлат на брегот на езерото Ван оддржа свечен говор по повод годишнината од битката кај Манцикерт. Потоа се упатил кон палатата и симболично таму преноќил.
– Поради алчноста на еден човек, брегот на езерото Ван е жртвувано за профит – изјавил во турскиот Парламент претставникот на Републиканската народна партија Ѓулизар Бисер Карац, додавјаќи:
– Додека милиони наши граѓани се борат со кризата, еден единствен човек ќе си приушти дворец .
Но, таквата критика не покажува никакво влијание на партијата на Ердоган. Заменик претседателот на застапничкиот клуб на владеачката партија Озкан одговорил:
– За нас таа градба е дом за целата нација.
Покрај оваа резиденција, Ердоган гради и летна резиденција во близина на Мармарис на средоземниот брег. И тој проект, според известувањата на турските медиуми, е исклучително скап и не ги зема предвид еколошките стандарди. Палатата со 300 соби досега чини 37 милиони евра. Исечени се 50.000 дрва.
Уште една раскошна алата е изградена во 2014 година. Тоа е службената резиденција на Ердоган во Анкара. Чинела половина милијарда евра и сместена е насред природното подрачје кое е под заштита на законот. И тогаш опозицијата жестоко ја критикувала градбата, но се било залудно.
Под дар на критика е и политиката на сеќавање на Ердоган, која османското наследство го поставува пред турската република и нејзиниот основач Кемал Ататурк.
Ердогановите раскошни палати како и многу други градежни проекти изминативе години битно се рзаликуваат од типичните монументални градби од времето после основањето на републиката во 1923 година.Тие се јасен архитектонски омаж на слџучко-османското минато.