ЕПШТАЈН СЕ ФАЛЕЛ ДЕКА КУПИЛ ЈУГОСЛОВЕНКА Вистината го руши митот за Надја Марчинкова
Иако во документите се појавува опишана како „Југословенка“, нејзиното вистинско потекло е потврдено од словачките власти и семејството – Словачка, не поранешна Југославија. Американските медиуми во последните години често ја споменуваат нејзината улога во кругот на Епштајн, а „Њујорк Тајмс“ и „Ројтерс“ ја опишуваат како дел од неговиот внатрешен круг во домот во Палм Бич.
Истрагите против Џефри Епштајн повторно ја вратија во фокус мистериозната „Југословенка“ за која сведоци тврделе дека ја довел во Америка како сексуална робинка. Името што постојано се повторува во судските и медиумските досиеја е Надја Марчинкова.
Сепак, таа е родена на 21 февруари 1985 година во Кошице, Словачка, не во Југославија.
Неколку жртви во полициските записници од Флорида од 2005 година навеле дека Епштајн се фалел како „ја донел од Југославија и ја купил од нејзиното семејство“. Но, документите на американското Министерство за правда не содржат потврда за такво тврдење.
– Епштајн ѝ велеше на секоја нова девојка дека Надја е купена робинка од Балканот – сведочела една од жртвите во записник што подоцна беше декласифициран.
WOW! WOW! WHAT “VICTIM” BRANDS THEIR ATTACKER?! #NadiaMarcinko #Epstein LOCK HER UP! pic.twitter.com/0FRPE31r4y
— nik t. hatziefstathiou (@nikthehat) December 20, 2025
Марчинкова во тоа време престојувала во САД со манекенска виза, која ѝ овозможувала да работи како модел. Подоцна станала пилотка и извршна директорка на фирма што ја водел Епштајн, а во 2008 година нејзиното име се појавило во таканаречен „необвинителски“ договор на обвинителството во Флорида – како „неидентификуван соучесник“.
Иако во документите се појавува опишана како „Југословенка“, нејзиното вистинско потекло е потврдено од словачките власти и семејството – Словачка, не поранешна Југославија. Американските медиуми во последните години често ја споменуваат нејзината улога во кругот на Епштајн, а „Њујорк Тајмс“ и „Ројтерс“ ја опишуваат како дел од неговиот внатрешен круг во домот во Палм Бич.
По самоубиството на Епштајн во 2019 година, Марчинкова исчезна од јавноста, но повторно се споменува во декласифицираните материјали што Министерството за правда на САД ги објави на 19 декември.
Истрагата сè уште нема утврдено дали таа била жртва, соучесничка или сведок, но едно е сигурно: приказната за „југословенската робинка“ е дел од митот со кој Епштајн ја градел својата перверзна моќ.