„Епл“ го ограничи бројот на телефони што може да купи еден клиент

Секој купувач може да купи најмногу до два телефона од ист модел.

365

Американската компанија „Епл“ го ограничи до два, бројот на телефоните Ајфон што купувачите можат да ги порачаат во нејзините онлајн продавници во САД и во многу други земји.

Секој купувач може да купи најмногу до два телефона од ист модел.






Последен пат кога имало вакви ограничувања било во 2007 година, кога „Епл“ за првпат го претстави револуционерниот паметен телефон. Компанијата тоа го стори да спречи телефоните да бидат купувани за понатаму да бидат препродадени за повисоки цени.

Во корпорацијата не го коментираат воведените ограничувања.

Како што е веќе извесно, поради пандемија на коронавирусот „Епл“ во САД привремено ги затвори сите свои физички точки на продажба. Производите на компанијата сега можат да се купат само онлајн. Истото тоа го стори и конкурентот „Самсунг“.

Поврзани содржини