„Епл“ ќе произведе 75 милиони 5Г ајфони
Американскиот технолошки гигант предвидува дека со тоа, испораките ќе достигнат до 80 милиони единици оваа 2020 година.
Компанија „Епл“ побара од своите ограноци да произведат најмалку 75 милиони 5Г ајфони во втората половина од оваа година, како и нови модели паметни рачни часовници, нови ајпад „Ер“ и помалиот „Хоум-под“.
Американскиот технолошки гигант предвидува дека со тоа, испораките ќе достигнат до 80 милиони единици оваа 2020 година.
Епл се подготвува за пуштање во продажба на две нови верзии „Епл воч“ и првите слушалки од брендот „Битс“.