Епидемиологот Петровиќ: Третата доза е неизбежна, имунитетот трае најмалку шест месеци

Сепак, вели докторот, неизбежно ќе биде ревакцинирањето, со оглед на сознанијата што ги имаме од пред 200 години, откако ги користиме вакцините.

2,009

Д-р Радмило Петровиќ, српски епидемиолог проценува дека имунитетот од секоја вакцина ќе трае најмалку шест месеци и дека ќе биде неизбежна и трета доза од вакцината против ковид-19, пренесуваат српските медиуми.

– Различни земји воведуваат различни критериуми, но сето тоа е во втор план, основната мерка што штити од коронавирус е имунизацијата, а после тоа сè е од второстепено значење. Сè уште со сигурност не знаеме колку долго ќе штити вакцината, светските експерти истражуваат на репрезентативни примероци, за секоја вакцина. Најверојатно, секоја ќе трае шест месеци, некоја трае подолго, па врз основа на тоа, кога тој имунитет ќе почне да се намалува, ќе биде потребно да се даде доза на ревакцинација, или„ трета доза “како што ја нарекуваат сега – вели д-р Петровиќ.






Сепак, вели докторот, неизбежно ќе биде ревакцинирањето, со оглед на сознанијата што ги имаме од пред 200 години, откако ги користиме вакцините.

– По секоја од нив мораше да се направи ревакцинација по одреден период за да го продолжи имунитетот – вели епидемиологот.

Во светот сега многу се зборува за третата доза на вакцината, а многумина беа изненадени од веста дека одредени земји ќе побараат нов PCR-тест за влез по истекот на дадениот период, дури и меѓу вакцинираните.

Ова го објавија Австрија, Хрватска и други земји.

Поврзани содржини