Џенифер Лоренс се повреди во експлозија на снимање на филм со Дикаприо

1,796

Оскаровката Џенифер Лоренс (30) се повреди во експлозија за време на снимањето на сцените за новиот филм „Не гледај горе“.

Иако во прашање била планирана и контролирана експлозија, која е дел од дејството на филмот којшто овие денови се снима во Бостон.  Меѓутоа, и покрај претпазливоста, поради експлозијата, големо количество стакло одеднаш се распарчило и ја погодило и повредило актерката.






На фотографиите направени од „Дејли мејл“ се гледа како Лоренс лежи на земја, држејќи го лицето додека неколку минувачи истрчале да ѝ помогнат, во текот на снимањето.

Како што пишуваат американските медиуми, извор од сетот за порталот „Пејџ сикс“ изјавил дека Лоренс била погодена од стаклото, но дека сега е добро. Во нејзините очи влетале парчиња стакло, но таа закрепнува.

Снимањето на филмот, кој беше окарактеризиран како политички, но и филм за катастрофа, беше запрен во петокот по инцидентот.

Во филмот, Џенифер игра астроном кој тргнува на медиумска турнеја низ целиот свет за да го предупреди човештвото за астероид кој брзо се приближува до Земјата и следува неизбежен судар. Холивудските великани како Леонардо Дикаприо, Мерил Стрип, Тимоти Челамет, Џона Хил и Кејт Бланшет исто така глумат со неа во филмот „Не гледај горе“.

Поврзани содржини