Необичната 2020 година не ги заобиколи ниту Американските музички награди, па манифестацијата од театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес беше пренесуван во живо, но со епидемиолошки мерки, само со мал дел од публиката во студиото, а некои од главните протагонисти не се појавија во живо.
Освен триумфот на Тејлор Свифт која се закити со три награди, меѓу кои е и наградата „Уметник на годината“, вниманието секако го привлече и настапот, односно стајлингот на латино дивата Џенифер Лопез (50), која како и обично, имаше сексапилен перформанс заедно со пејачот Малума.
За свечениот прием на црвениот тепих, Џеј Ло одбра сребрен комплет од колекцијата „Балмејн“ за пролет 2021 година, а многу критичари се согласија дека таа со своите познати облини изгледа дури и подобро отколку на моделот.
Џенифер, меѓу другото, изненади и со својата фризура. Навикнати да ја гледаме со бујна долга коса, пејачката сега се појави со кратка боб фризура.
View this post on Instagram
ФОТО: Јутјуб