ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПЛАЧЕЈЌИ ГИ НАПУШТИ „ПРИЈАТЕЛИ“ Новата сезона никако да биде снимена
Сите имавме идеја како ќе ни изгледа иднината и на што ќе се фокусираме. Но, потоа работите се сменија преку ноќ. Но, еве, да не се случеше сето тоа што се случи, немаше денес да седам тука со вас, рече Анистон, која на крајот се осврна и на бракот со Бред Пит.
Џенифер Анистон откри дека го напуштила снимањето на филмот „Пријатели“ затоа што се почувствувала премногу вознемирено. Славната актерка во интервју за ХоливудРепортер раскажа дека била толку многу преплавена со емоции што неколку пати морала да го напушти сетот, пишува УбавинаиЗдравје.
– Мислам дека бевме многу наивни кога влеговме во тоа, велејќи си леле колку ќе биде забавно, повторно ќе ги видиме сетовите онака како што беа. Но кога дојдов таму, се изненадив – рече Анистон, и додаде дека можеби требало и тој дел да го има во филмот.
Анистон и претходно рече дека ѝ паднало емоционално тешко повторното собирање со своите пријатели, па во еден момент почнала и да плаче.
– Многу од работите се променија, а секој од нас тргна во различни правци, некои потешки, некои полесни, за секој од нас – рече Анистон.
Таа се присети и на актерската кариера по снимањето на серијата „Пријатели“ и рече дека животот ѝ отишол во сосема поинаков правец од оној што го планирала.
– Сите имавме идеја како ќе ни изгледа иднината и на што ќе се фокусираме. Но, потоа работите се сменија преку ноќ. Но, еве, да не се случеше сето тоа што се случи, немаше денес да седам тука со вас – рече Анистон, која на крајот се осврна и на бракот со Бред Пит.
– Незгодно е јавно да се минува низ некои мрачни ситуации од животот. Но, јас имав избор. Можев да се кријам и да живеам под прекривката или да продолжам да живеам и да напредувам, нешто и што го направив. Првите промени ми се случија со филмот „Раскинување“ – додаде Анистон.