Џенифер Анистон донираше милион долари за борба против расизмот

253

Холивудската актерка Џенифер Анистон (51) донираше 1 милион долари на хуманитарното здружение „Боја на промени“ (Color of Change) во солидарност со движењето „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter), пишуваат светските медиуми.

Ѕвездата на телевизиската серија „Пријатели“ направи значителна донација на добротворната организација за да искаже поддршка за движењето „Црните животи се важни“, по смртта на Џорџ Флојд.






Флојд почина за време на бруталното полициско апсење откако полицаец го притисна со колено на вратот и го држеше така речиси 9 минути, додека постојано повторуваше дека не може да дише.

На својот инстаграм-профил, Анистон напиша:

„Оваа недела беше шокантна од многу причини. Мора да признаеме дека расизмот и бруталноста во оваа земја траат веќе долго време – и тоа НИКОГАШ не е во ред. Како сојузници, кои сакаат еднаквост и мир, наша одговорност е да го кренеме нашиот глас, да бараме правда, да се едуцираме за ова прашање и повеќе од сè, да шириме љубов. Уште колку сме подготвени да преминуваме преку тоа? УШТЕ КОЛКУ?“

Поврзани содржини