ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА КАКО ЕДИНСТВЕНА ТОЧКА НА ДНЕВЕН РЕД Пендаровски го свикува Советот за безбедност

На седницата, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши. 

106

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре во 11 часот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерките за нејзино надминување.

На седницата, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Поврзани содржини