Пејачката Емина Јаховиќ веќе долго време живее во Истанбул, Турција, а сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија на која е со славната Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“.
Популарната српска пејачка заедно со турската актерка Мерјем Узерли и уште една пријателка уживале во луксузниот ресторан, а овој момент го овековечиле со заедничка фотографија.
Трите позирале без шминка, а судејќи според нивните насмевки, биле одлично расположени.
Имено пејачката со оглед на тоа што беше мажена за познатиот турски пејач Мустафа Сандал запозна многу познати личности со кои се дружи до ден денес.
Мерјем неодамна го роди второто дете, а на својот Инстаграм најави дека во Берлин ја отвора својата прва продавница за здрави слатки.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм