ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ ПОЗИРАЛА СО ГОЛ СТОМАК Фановите се згрозени и ја критикуваат (ФОТО)
Сексапилната Емили очекувала оваа фотографија да предизвика бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Моделката Емили Ратајковски објави фотографија од церемонијата на доделување модни награди организирана од Американската асоцијација на модни дизајнери (CFDA). Таа носеше горен дел со долги ракави и широко здолниште до под коленото.
„За малку немаше да го објавам ова бидејќи знаев каква контроверзност ќе предизвика, но еј, тоа е моето тело и нема да се потпирам на посрамувањето“, напишала Емили во описот на фотографијата.
Според овој опис, Емили очекувала оваа фотографија да предизвика бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, што и се случило. Многумина во коментарите ја прозваа поради нејзиниот стомак.
View this post on Instagram
„Дали си добро?“, „Извинете, но ова е едноставно многу болно“, „Јади нешто“, „Што по ѓаволите?“, „Претера“, „Не им даваш добар пример на младите девојки“, „Што не е во ред со нејзиниот стомак?“, „Ова не изгледа здраво“, „Навистина сум загрижена за твоето здравје“, се само дел од критиките што таа ги доби под фотографијата.
Но, имало и такви на кои им се допаднал стомакот на Емили па ја бранеле од негативните коментари.
„Ми требаат вакви стомачни мускули“, „Ми се згади од овие коментари во кои го срамотите нејзиниот изглед. Што не е во ред со вас луѓе?“, „Како е можно да имаш таков стомак после бременоста? Совршенство“, „Која е твојата програма за вежбање?“, „Престанете да зборувате за нејзиниот стомак“, „Грижете се за вашите тела“, ја бранеа нејзините обожаватели.
ФОТО: Инстаграм