ЕМА ја оценува безбедноста на вакцината на Фајзер за деца од 12 до 15 години
Тие податоци ги вклучуваат резултатите од големото клиничко испитување кое е во тек, а кое опфаќа адолесценти на возраст од 12 години па нагоре, наведува ЕМА.
Европската агенција за лекови ЕМА објави дека почнала со оценка за безбедноста за примена на вакцината на Фајзер и Бионтек против ковид-19 за лица од 12 до 15 години, откако произведувачите побарале одобрение за таа возраст во ЕУ и во САД.
За децата се уште не постои вакцина против ковид-19.
Децата се помалку подлежни на развивање на тешки форми на болеста и нивната вакцинација до сега не беше приоритет, но тие сочинуваат значаен дел од популацијата и треба да се вакцинираат за да се спречи ширењето на болеста, сметаат експертите.
Европската агенција за лекови денеска објави дека нејзиниот Одбор за лекови за хумана употреба дека ќе спроведе забрзана оценка на податоците на компаниите кои ги продаваат Comirnaty . Така се нарекува вакцината која ја развиле Фајзер и Бионтек.
Тие податоци ги вклучуваат резултатите од големото клиничко испитување кое е во тек, а кое опфаќа адолесценти на возраст од 12 години па нагоре, наведува ЕМА.
ЕМА ќе извести за резултатите од својата оценка, кои се очекуваат во јуни, освен ако не бидат потребни дополнителни информации, наведува агенцијата.