ЕМ ШПИОН, ЕМ УБИЕЦ Хамас тврди дека фатил вооружен израелски делфин кој требал да убие нивни борци во Газа (ВИДЕО)

Ова не е првпат Хамас да ја обвини израелската разузнавачка агенција Мосад дека користи делфини за шпионажа. Во август 2015 година, групата наводно фатила делфин таен-агент на Мосад во близина на брегот на Газа.

684

Хамас тврди дека фатил израелски „делфин убиец“, шпион чија задача била да ги убива нивните борци на брегот на Газа.

Палестинската организација тврди дека нивните поморски единици го фатиле и заробиле непријателскиот поморски оперативец. Наводно, делфинот имал опрема и оружје со кое можел да ги „убие“ борците на Хамас.






Портпаролот на Хамас, Абу Хамза, изјави дека Израел има цела флота од „делфин“ подморници, но тврди дека нивните борци фатиле цицач, а не подморница.

На видеото што го објави Хамас се гледа опремата конфискувана од делфинот-шпион и оружјето што личи на харпун и опремата што се користи во поморските експерименти на САД, Украина и Русија.

 

Израел не одговори на обвинувањата.

Ова не е првпат Хамас да ја обвини израелската разузнавачка агенција Мосад дека користи делфини за шпионажа. Во август 2015 година, групата наводно фатила делфин таен-агент на Мосад во близина на брегот на Газа.

 

Израелските медиуми тогаш објавија дека делфинот имал „шпионска опрема“, вклучувајќи опрема за далечинско наведување, камера и харпун.

Арапските медиуми тогаш објавија дека Мосад ја „убива волјата“ на делфините и ги претвора во „убијци“.

 

Израел е обвинет за злоупотреба на животни за шпионирање. Во 2013 година турските медиуми тврдеа дека израелски универзитет опремил јата птици со опрема за следење.

Орел со израелска плочка беше фатен во Судан во 2012 година, а локалните власти веднаш го обвинија Мосад за обид за шпионажа. Една година претходно, во 2011 година, саудиските власти фатија мршојадецот и го „обвинија“ дека шпионира за Израел, бидејќи на него имал опрема за следење.

Во 2010 година, египетските власти тврдеа дека ајкули под контрола на Израел ги напаѓаат туристите на Црвеното Море.

Поврзани содржини