Премиерот и претседателот тврдат дека немаат информации за т.н. бугарски компромис, за кој денеска јави „Политико“ од Брисел.
Не знам, ама кога Бугарите прв пат го изгласаа меморандумот во Собраниеto, нашиве се правеа дека ништо не се случило и немало да влијае.
Кога Бугарите го испратија меморандумот до ЕУ, нашите одговорија дека не бил испратен до нас.
Мислам дека е редно време да се излезе од наивната позицијата на „немаме информации, не знаеме, имаме црвени линии, немаме план Б“ и малку пореално да се зборува во јавноста што навистина се случува и што се планира да се прави понатаму.
Ем преговараат и се договараат, ем глумат лудило.
(ФБ статус на авторот)