ЕЛТОН ЏОН ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВО НИЦА Музичарот итно пренесен во болница

Елтон Џон (76) итно бил пренесен во болница во соседниот Монако по инцидентот доцна во неделата вечерта, изјави неговиот тим за „Мирор“.

224

Пејачот итно бил пренесен во болница откако се здобил со повреди по падот во неговата вила во Ница, Франција.

Елтон Џон (76) итно бил пренесен во болница во соседниот Монако по инцидентот доцна во неделата вечерта, изјавил неговиот тим за „Мирор“. Музичарот бил префрлен на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан од страна на лекарите.






Портпаролот на Елтон Џон потврди за Би-би-си дека пејачот ја посетил болницата поради мерки за претплазливост.

„Можеме да потврдиме дека Елтон се лизнал во својот дом на југот на Франција и дека превентивно ја поминал ноќта во болница“, пишува во соопштението од неговиот тим и се додава дека музичарот е во добра состојба и е дома:

„По прегледот, утринава веднаш е отпуштен од болница, се врати дома и е во добра здравствена состојба.

Поврзани содржини