Елон Маск претстави „сајбер“ свиња со чип во мозокот (ВИДЕО)

За време на преносот во живо, Маск претстави три свињи: едната во која нема имплант произведен од неговата компанија „Неуралинк“, една во која имплантантот бил всаден во минатото и подоцна е отстранет и Гертруда, свиња која во моментов има прототип на уредот.

3,026

Елон Маск вчера го запозна светот со една посебна свиња Гертруда, а која има вградени електроди во мозокот и посебен чип со задача да ја следи нејзината мозочна активност. Маск прикажа демо-верзија на својот најнов изум тестиран на свињи и на тој начин уште еднаш ги демонстрираше своите планови за креирање функционален интерфејс мозок-машина.

За време на преносот во живо, Маск претстави три свињи: едната во која нема имплант произведен од неговата компанија „Неуралинк“, една во која имплантантот бил всаден во минатото и подоцна е отстранет и Гертруда, свиња која во моментов има прототип на уредот.






Тој објасни како експертите го вметнале имплантот во Гертруда пред два месеца и дека тој бил поврзан со невроните во нејзината муцка. Кога Гертруда ќе допре нешто со својата муцка, се активирале електрични импулси во мозокот, кои во имплантот регистрираат повеќе од 1000 електроди.

Поврзани содржини