Елмас сега вреди 40 милиони евра?

Наполи има вистински бисер во својот тим. Млад играч со лидерски атрибути кој се покажува и како голгетер за националниот тим. Фудбалер како Елмас вреди најмалку 40 милиони евра, вели агентот на македонскиот репрезентативец.

1,526

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сега вреди 40 милиони евра, тврди неговиот агент Џорџ Гарди, кој објаснува дека во Наполи сè уште не се свесни дека имаат вистински дијамант во своите редови и покрај тоа што Македонецот не игра на својата природна позиција.

Неговиот блесок против големата Германија, која воедно ја покори со победничкиот гол во 85-тата минута, со сигурност му ја зголеми цената на Елмас на фудбалскиот пазар.






– Прекрасен момент за Македонија. Само неколку месеци по пласманот на ЕП, ја победија големата Германија. Елмас и Пандев се херои на таа репрезентација. Елиф веќе се чувствува како еден од лидерите на Македонија и редовно игра на високо ниво во националниот дрес. Тој сака да игра по левата страна, да биде поофанзивен. Ужива во таа улога, но е доста флексибилен и може да игра каде што сака, но се плашам дека тоа може да му биде кочница во кариерата. Кога Елмас дојде во Наполи, на клупата беше Анчелоти, а сега е принуден да игра во друг систем и често е надвор од својата позиција, иако секогаш се труди неговиот настап да биде забележан. Наполи има вистински бисер во својот тим. Млад играч со лидерски атрибути кој се покажува и како голгетер за националниот тим. Фудбалер како Елмас вреди најмалку 40 милиони евра – истакна Гарди.

Според „трансфермаркт“, цената на Елмас моментално изнесува 18 милиони евра и е најскап македонски фудбалер пред Енис Барди. За Наполи сезонава запиша 35 настапи во сите натпреварувања со три постигнати гола, но нема асистенција.

Поврзани содржини