ЕЛМАС ГО РЕШИ ДЕРБИТО НА САН СИРО Големиот Милан на колена пред македонскиот репрезентативец
За Елмас ова е втор погодок во италијанското првенство оваа сезона, по реализацијата на домашен терен против Венеција. Наполи се искачи на второто место со ист број бодови како и Милан, но четири помалку во однос на лидерот Интер.
Елиф Елмас го одлучи дербито на „Сан Сиро“ во кое Наполи успеа да слави над Милан (0-1), во рамките на 18. коло од Серија А.
Гостите брзо го отворија резултатот, по првата мешаница пред противничкиот гол. Македонскиот фудбалер скокна највисоко по центаршутот од корнер на Пјотр Зјелински и со глава го матира Мајк Миањан.
Тимот на Лучијано Спалети имаше за нијанса повеќе од играта во првиот дел. Меѓутоа и „росонерите“ имаа свои моменти. Златан Ибрахимовиќ се закани со глава, а Алесандро Флоренци биеше непрецизно од далечина. На пауза се замина со минимална предност за гостинската екипа, која себично го чуваше водството.
Милан направи неколку измени во второто полувреме. Шанса доби и Оливие Жиру, но најголемата шанса ја имаше Жуниор Месиас. Бразилскиот интернационалец шутираше за малку над пречката и за малку не го израдува својот тим. Наполи одлично се бранеше и на крај за малку не испушти чиста победа. Френк Кеси се најде во одлична позиција и ја затресе гостинската мрежа, но ВАР-технологијата спречи радост на трибините во 90. минута.
За Елмас ова е втор погодок во италијанското првенство оваа сезона, по реализацијата на домашен терен против Венеција. Наполи се искачи на второто место со ист број бодови како и Милан, но четири помалку во однос на лидерот Интер.