ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ЌЕ СЕ ПОГРЕБЕ НА 19 СЕПТЕМВРИ ВО ВЕСТМИНИСТЕРСКАТА ОПАТИЈА Денот на погребот во иднина ќе биде државен празник

Пред државниот погреб, телото ќе лежи во Вестминстерската сала четири дена, па јавноста може да му оддаде почит.

904

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.






Пред државниот погреб, телото ќе лежи во Вестминстерската сала четири дена, па јавноста може да му оддаде почит.
Британскиот крал Чарлс Трети го прогласи денот кога неговата мајка Елизабета ќе биде погребана за државен празник, пренесува АП.

Чарлс ја одобри одлуката по денешната церемонија на крунисување.

Училиштата нема да бидат отворени тој ден, а повеќето бизниси ќе бидат затворени.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска.

Поврзани содржини