ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ СПОДЕЛИ ДЕЛ ОД СВОЈАТА РОМАНСА СО БИЛИ РЕЈ САЈРУС Актерката открива дека и нивните деца одлично функционираат меѓусебе

Елизабет Харли споделува дел од својата романса со Били Реј Сајрус - па дури и открива во која ситуација тој станува „досаден“. Патем, вели дека нејзиниот син Демијан се запознал со Мајли Сајрус и со другите деца на Били и дека сѐ било беспрекорно.

122

Елизабет Харли и Били Реј Сајрус се запознале на снимање филм во 2022 година, но повторно се поврзале романтично дури речиси две години подоцна.

Сега ѕвездата отворено зборува за нивната врска во интервју за „Сандеј тајмс“.






– Били Реј е прекрасен. Многу сме среќни, многу среќни – вели 60-годишната Харли за медиумот.

Таа вели дека 64-годишниот Сајрус, кој живее во Тенеси, го поминал летото со неа во нејзиниот дом во Херефордшир, Англија.

– Тој го обожава тоа. Очигледно, ја сака Англија. Времето е поубаво тука во лето отколку во Тенеси. Инаку, тој живее 40 минути надвор од Нешвил. Толку е убаво. Смешно, всушност многу личи на Англија. Веројатно еквивалент на Суреј – опишува Елизабет.

Сепак, таа вели дека колку и да се среќни двајцата, има едно нешто што не го прават кога се заедно: не купуваат храна.

– Тој останува во автомобилот… Затоа што би бил досаден – вели во интервјуто низ смеа.

Актерката исто така открива дека таа и пејачот на „Achy Breaky Heart“ се поврзуваат и преку нивните заеднички предизвици со фризурата.

– Му ја шишав косата пред некој ден. Имаме многу коса меѓу нас. Постојано сме во опасност да се задушиме со топчиња од коса. Има многу бушава коса. Значи, всушност имаме контрастни коси, кои се трудиме на крајот да изгледаат исто – додава таа.

Харли, која е мајка на синот Дамијан (23), исто така сподели дека спојувањето на нејзиното семејство со семејството на Сајрус било беспрекорно.

– Демијан и Мајли [Сајрус] се запознаа. Децата на Били се одлични, а Били помина многу време со Дамијан. Сите ги сакаат сите – прекрасно е.
Харли и Сајрус ја обелоденија својата романса во заедничка објава на Инстаграм на Велигден во 2025 година. Британската актерка и кантавторот првпат се запознаа додека снимаа божиќен филм во 2022 година.

И покрај раната искра, тие го изгубија контактот речиси две години. Кога Харли се поврза со него во неговиот тежок период од животот, нивната врска стана романтична.

Во емисијата The Ty Bentli Show во април, музичарот, добитник на Греми, гласно ја опиша Харли како „прекрасен човек“ и рече дека дури и да беа само пријатели, тој би го „прифатил тоа“.

– Одлично е што Бог ги донесе Елизабет и нејзиниот син во мојот живот – рече Сајрус подоцна во интервјуто.

– Тоа е само добра работа. Помина долго време откако бев толку среќен.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Поврзани содржини