Јелена Ѓоковиќ (34), сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (34), проговорила за другата страна на медалот – проблемите со кои се соочувала во бракот и начините на кои се обидува да го доведе својот живот во рамнотежа.
– Секоја препрека со која се соочуваме нè зајакнува. Ние сме страсни, поради што доаѓа до несогласувања. Јас во моментов сум посветена на мајчинството и забавена, додека тој не сака да биде активен. Тој сака да патува, да прави сешто, а потоа јас го предупредувам дека имаме две деца и дека мора да им се адаптираме – рекла Јелена за српски „Стори“ и додала:
– За Новак научив дека е одличен во водењето сметка за себе. Порано мислев дека тоа е себично, а сега сфаќам дека не е, дека тоа сите треба да го направиме. Сè уште учам како да водам сметка за себе. Дури кога ќе се погрижиме за себе, имаме што да им понудиме на другите – рекла Јелена, која по завршувањето на факултетот во Италија, завршила магистерски и докторат за менаџмент во Монако.
Поради сè, таа рекла дека чувствувала дека мора да се натпреварува со Новак.
– Мислев дека не добивам доволно признание што го заслужувам, дека мојата работа не се гледа, затоа што сè се одвива во заднина. Сè што правев беше невидливо. Жените немаат простор да проговорат, да се покажат и постои стереотип за жените на спортистите, како треба да изгледаат и да се однесуваат. Порано ме болеше тоа што ме препознаваат само како негова сопруга, сега тоа го носам со гордост – признала таа.
Јелена исто така рекла дека извесно време била фокусирана само на Новак и на неговите потреби, па сè резултирало со фрустрација, затоа што нејзините потреби никогаш не доаѓале на ред.
– Бев анксиозна, тоа ме уништи, мојата слика за себе. Мислев дека сум супержена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и на децата, а потоа морав да се соочам со моите стравови. Бев фокусирана на Ноле и на неговите потреби. Потоа следуваше период на фрустрација, кога ќе сфатите дека вашите потреби не се исполнети. Не можев да ги насочам фрустрациите кон него, затоа што тој не е виновен, јас сум виновна и тоа беше мојот избор, да му се посветам нему. Потоа дојде Стефан кој целосно ме потресе и благодарение на него сфатив дека мора да водам сметка за себе, бидејќи за да бидам добра мајка, морам и самата да бидам добро – рекла Јелена.