Иако и Новак и Јелена Ѓоковиќ прележаа коронавирус и нивните тестови сега се негативни, сепак славниот тенисер и понатаму е загрижен за својата сопруга, пишува „Скандал“.
Како што дознава „Скандал“, Јелена е сѐ уште истоштена и премалена, а имунитетот никако да ѝ зајакне, па Новак инсистира да преземе нешто.
– Јелена е многу слаба, всушност, таква беше и пред короната затоа што јаде само овошје и зеленчук и е на специјална исхрана – вели изворот за „Скандал“. „Не јаде месо и строго внимава што внесува во организмот, но Ноле смета дека сега би требало да внимава уште повеќе затоа што е познато дека и по прележувањето, последиците од короната остануваат во организмот и до една година и имунитетот слабее.“
Тие сега работат на зајакнување на нејзиниот имунитет за да се чувствува подобро што е можно побрзо.
„Најмногу го исплаши кога ја виде дека се тетерави додека ја носи ќеркичката, воопшто нема сила, па затоа ја замоли да не си игра со здравјето. Ѝ предложи да се одмори од сè и тој да го одмени во сè, затоа што му е јасно дека ѝ треба закрепнување, но Јелена тврди дека тоа е привремено и дека за две недели таа ќе биде како нова – рекол изворот на таблоидот „Скандал“ и додал:
„Со други зборови, таа е сигурна дека ова се само безопасни последици од коронавирусот и на малку полошиот имунитет и смета дека ќе го реши сето тоа затоа што живее здраво и нема од што да се плаши.“
FOTO: Instagram