📷 ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША НАПРАВИЛА КОБНА ГРЕШКА Пејачката се огласи и откри зошто и новиот профил на Инстаграм ѝ е избришан
Српската пејачка Јелена Карлеуша доживеа нова непријатност на социјалната мрежа Инстаграм кога нејзиниот профил, кој го создаде само пред неколку дена, беше затворен.
Српската пејачка Јелена Карлеуша доживеа нова непријатност на социјалната мрежа Инстаграм кога нејзиниот профил, кој го создаде само пред неколку дена, беше затворен.
Сè уште се шпекулира за причините за затворање на профилот, а поп-ѕвездата сега се огласи на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) и ја откри фаталната грешка што ја направила, заедно со својот тим.
„Новиот профил е избришан бидејќи е отворен од истата е-пошта како и претходниот, кој беше забранет. Системска грешка за која се надевам дека ќе биде решена. Ако не, ќе отвориме нов. Го објавувам ова само за злобните да не измислуваат причини“, напишала таа на Икс.
Novi account je disabled zato sto je otvoren sa istog maila kao i prethodni banovani. Sistemski bug koji ću nadam se rešiti. Ako ne, otvorićemo novi🤷🏼♀️ Postavljam ovo samo da bolesnici ne bi izmisljali razloge pic.twitter.com/JJXO5OxVdr
— Jelena Karleuša (@karlinbich) June 5, 2025
Карлеуша беше без профил на споменатата социјална мрежа три месеци. Неодамна откри дека ќе оди во САД со својот правен тим за да го врати својот профил.
„Денеска се навршуваат три месеци откако мојот Инстаграм беше исклучен. За неколку дена ќе се сретнам со претставниците на компанијата Инстаграм во склоп на META во Америка заедно со моите правни застапници. Во случај да не ја вратам сметката, ќе морам да отворам нова и да почнам од нула. Наскоро ќе бидете известени“, напиша Јелена на Икс, меѓутоа, тоа не се случи и таа мораше да направи нов профил на Инстаграм.
На претходниот профил на Инстаграм, Јелена ја следеа 2,4 милиони луѓе, а на новиот профил, пејачката за кратко време собра 2 милиони следбеници.