Јелена Joванова ја објави првата фотографија по раѓањето на синот ФОТО

3,112

Македонската актерка Јелена Јованова пред неколку дена првпат стана мајка.

Убавата актерка се породи во Загреб, каде што живее со својот сопруг, и на свет донесе син за кој го одбрале името Јаков. Јелена е  5 години во брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ.






Јелена и бебето веќе се дома. По тој повод, таа ја објави првата фотографија, а во описот напиша емотивна порака за синот:

„Покрај секојдневните предизвици (добри и тешки), покрај земјотреси и пандемија од коронавирус (или пландемија – одберете во што ќе верувате), дома сме, а јас сум уште посилна по сето ова. Ви благодарам за желбите“, напишала Јелена.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини