Електронскиот рецепт ќе остане и по кризата со коронавирусот

395

Електронскиот рецепт е трајна придобвика, и по кризата со корона вирусот, чекањето кај лекар и во аптека ќе бидат минато, изјави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Новата пракса е пациентите по телефон се јавуваат кај матичниот лекар, лекарот го издава електронскиот рецепт, потоа граѓаните можат да го подигнат лекот во која било аптека. За хронично болните може и друг да го подигне лекот наместо нив. Овој нов систем ги исфрла од употреба хартиените рецепти, а матичните лекари се растоваруваат од гужви.






95% од вкупно издадените рецепти се електронски во изминатите три месеци од кога се воведе оваа услуга.

Во рамки на масовната дигитализација, Манчевски најави дека ќе се воведе и електронско запишување деца во градинка и во училиште, автоматско префрлање помош за новороденче, добивање Уверение за остварени приходи од УЈП…

 

Поврзани содржини