ЕЛЕКТРОНСКИ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ И ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ СО ЕДЕН КЛИК Еве што најавија министрите Тошковски и Андоновски по нивната средба

Фокусот на средбата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, бил насочен кон подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова веб страна на Министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации што им се потребни.

708

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во Министерството.

Фокусот на средбата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, бил насочен кон подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова веб страна на Министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации што им се потребни.






– Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани – потенцирал министерот Тошковски.

Поврзани содржини