ЕКСТРЕМНО СЕ ЗАТЕГНАА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ БЕРЛИН И ТЕХЕРАН Германија ги затвора сите ирански конзулати откако Иран погуби Германец за тероризам

Германија веќе го отповика својот амбасадор во Иран поради егзекуцијата на Шармад и го повика иранскиот вршител на должноста да го изрази протестот до Берлин.

824

Германија ќе ги затвори сите ирански конзулати во земјата поради погубувањето на германско-иранскиот државјанин Џамшид Шармад во Иран, но ќе дозволи иранската амбасада да остане отворена, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на Министерството вчера изјави дека убиството на Шармад „екстремно“ ги затегнало односите меѓу Берлин и Техеран.






Германија веќе го отповика својот амбасадор во Иран поради егзекуцијата на Шармад и го повика иранскиот вршител на должноста да го изрази протестот до Берлин.

Поврзани содржини