ЕКСПРЕСНА РЕАКЦИЈА НА ФФМ Шкендија службено понатаму во Купот, суспендиран стадионот на Шкупи (ВИДЕО)

Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.

407

Kомисијата за натпреварување на ФФМ вечерва на вонредна седница по повод денешните инциденти на четвртфиналниот куп натпревар меѓу Шкупи и Шкендија го регистрираше дуелот со службената победа на гостинскиот тим од 3-0.

Теренот на Шкупи, како што официјално е соопштено, се суспендира за одигрување првенствени и куп натпревари, а актуелниот шампион е предаден на натамошна постапка на Дисциплинска комисија на ФФМ.






Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.

Дербито помеѓу Шкупи и Шкендија во Купот на Македонија траеше само десетина минути, откако гостите поведоа со 0-1, се случи голем инцидент.

Стрелецот Дашмир Елези се радуваше пред навивачите на Шкупи, кои тоа го сфатија како провокација па дојде до вистински хаос. Популарните „Шверцери“ влегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат со гoстинските играчи, а фрлаа и тврди предмети и пиротехника.

Веднаш реагираа припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои спречија поголем инцидент и ги штитеа фудбалерите на Шкендија на патот кон соблекувалните.

 

Поврзани содржини