УШТЕ ЕДНА ЕКСПЛОЗИЈА БЛИСКУ ДО ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО КОПЕНХАГЕН Инцидентот е на годишнината од упадот на Хамас во Израел
Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и 5 дена откако беа активирани 2 експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска.
Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген се случила уште една експлозија.
Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и 5 дена откако беа активирани 2 експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска.
- НЕКОЈ ПУКАШЕ ВО ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО СТОКХОЛМ Инцидентот е нарачка на Иран?
- ЕКСПЛОЗИИ ВО БЛИЗИНА НА ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО КОПЕНХАГЕН Нема повредени, полицијата испитува дали се поврзани со амбасадата
- 📽 ПУКАЊЕ ПРЕД ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО МИНХЕН Напаѓачот е убиен
– Се разбира, разгледуваме дали би можело да биде поврзано со претходниот инцидент во Израелската амбасада. Нема индикации дека тоа е така – изјави полициската инспекторка Трине Молер.
Шведската разузнавачка агенција „Сапо“ соопшти дека можеби Иран бил вмешан во експлозиите на 2 октомври во Данска, како и во пукотницата во близина на Израелската амбасада во Стокхолм еден ден претходно.