ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗГРАДА ВО ИТАЛИЈА Повредени се 30 мигранти
Еден од мигрантите е тешко повредени со хеликоптер е пренесен во болница во Рим, интубиран е и е во кома, јави италијанската новинска агенција.
Триесет мигранти се повредени, од кои еден потешко, кога се урна зграда по експлозија во ресторан во малиот град Сан Лоренцо Нуово во Лацио, во централна Италија.
Тешко повредениот мигрант со хеликоптер е пренесен во болница во Рим, интубиран е и е во кома, јави италијанската новинска агенција.
И останатите повредени се пренесени во болници, а интервенирале и противпожарни единици.