Експлозија во полициски склад за муниција во Чешка

Евакуирани се жителите на куќите лоцирани во радиус од половина километар од магацинот. Влезот во Билина, со околу 17.000 жители, е блокиран од полицијата.

206

Експлозии одекнаа во складиште за муниција во градот Билина во регионот Теплице во северозападна Чешка, јави прашкиот весник „Млада Фронта Днес“.

 

Магацинот е во сопственост на чешката полиција. Според првичните податоци, нема жртви.






Пожарникарите кои пристигнаа на местото на несреќата сѐ уште не можат да го изгаснат пожарот и постои можност за нови експлозии.

Евакуирани се жителите на куќите лоцирани во радиус од половина километар од магацинот. Влезот во Билина, со околу 17.000 жители, е блокиран од полицијата.

Поврзани содржини