📽️ ЕКСПЛОЗИЈА ВО МАГАЦИН НА ПРИСТАНИШТЕ ГО ПОТРЕСЕ ХАМБУРГ На автопатот има километарски колони

Според полицијата, блискиот автопат А1 меѓу Нордерелбе и Морфлет бил целосно затворен поради остатоци од експлозијата, при што се пријавени колони долги до 12 километри.

201

Денеска избувна пожар во магацин во пристаништето во Хамбург, што предизвика затворање на голем автопат во близина, додека итните служби пријавија мал број повредени лица.

Како што пренесе ДПА, пожарот го предизвикало возило кое било паркирано во магацинот, изјави портпаролот на противпожарната бригада, при што на местото на настанот се наоѓале 5 противпожарни возила и неколку амбулантни возила.






За време на пожарот, најмалку уште една хала се запалила поради експлозија на неколку контејнери со гас под притисок. Според противпожарната бригада, се претпоставува дека контејнерите содржеле азотен оксид.

Неколку лица беа евакуирани од областа, рече портпаролот Лоренц Хартман.

 

 

– Успеавме да изведеме десетици луѓе од областите и да ги спасиме – додаде тој.

Поддршка пружило и специјално возило од противпожарната служба на аеродромот.

Според полицијата, блискиот автопат А1 меѓу Нордерелбе и Морфлет бил целосно затворен поради остатоци од експлозијата, при што се пријавени колони долги до 12 километри.

Пристаништето во Хамбург е водечкиот центар за надворешна трговија на Германија, според неговата веб-страница.

Поврзани содржини