ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ, 4 ЗАГИНАТИ, 38 ПОВРЕДЕНИ Причината за експлозијата не е позната (ВИДЕО)

Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција.

465

Четири лица починаа, а 38 се повредени по експлозијата на најфреквентната улица Истиклал во центрот на  Истанбул, објави гувернерот Али Јерликаја на Твитер.

Тој напиша дека експлозијата се случила во 16:20 по локално време, додавајќи дека има „жртви и повредени“.






Првично беше соопштено дека единаесет лица се повредени во експлозија во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.


Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција.

Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.

Поврзани содржини