ЕКСПЛОЗИЈА ВО ХОТЕЛ ВО ТЕКСАС Повредени се над 20 лица, еден е во критична состојба

Според првичните сознанија, постојат сомнежи дека причина за експлозијата во Форт Ворт е истекување на гас.

58

Во експлозија во хотел во САД повредено е најмалку 21 лице, пренесоа светските агенции. Според првичните сознанија, постојат сомнежи дека причина за експлозијата е истекување на гас.

Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.






Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес.

Поврзани содржини