ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА ЗА РАКЕТНО ГОРИВО ВО СРБИЈА Нема повредени или мртви

Сите служби за итна помош се на терен, а полицијата превентивно ги затвори сите приоди кон фабриката, јавија српските медиуми.

170

Експлозија на работната машина за производство на ракетно гориво се случила утрово околу шест часот во комплексот на компанијата „Едепро“ во Лештане, Србија, јавија српски медиуми. 

Според првичните информации, во експлозијата нема повредени или жртви, соопшти МВР на Србија.






Сите служби за итна помош се на терен и ќе следи понатамошна работа. Полицијата превентивно ги затвори сите приоди кон фабриката, од излезот од автопатот Бубањ Поток во правец на Лештане и обратно.

Пожарникарите веднаш интервенирале и утврдиле дека машината за производство на ракетно гориво експлодирала бидејќи се прегреала, пренесуваат медиумите.

Поврзани содржини